Мани Пакијао го предизвика Конор Мек Грегор

Конор Мек Грегор навистина има различни опции за продолжување на кариерата.

Додека се чека дали ќе сака и кога шампионот на УФЦ да ја брани титулата во лесна категорија, предизвикот стигна од страна на светскиот боксерски шампион во осум тежински на категории на Мани Пакијао.

38-годишниот Филипинец на Инстаграм објави фотографија на Конор Мек Грегор со порака: Среќен Ден на благодарноста. Останете во форма пријателе. Прави боксерски меч 2018.

Мек Грегор летово беше поразен во својот прв боксерски меч од Флојд Мејведер. Целиот настан имаше извонреден финансиски успех.

Во последната битка во јули, Пакијао беше искраден против Џеф Хорн и го изгуби ВБО појасот во велтер.

print

Можеби ќе ви се допадне...