Макпетрол отпатува на Карате 1 лигата за младинци во Умаг, каратистите се борат за место во репрезентацијата

Каристите на Макпетрол заминаа на турнир од Карате 1 лигата за младинци во Умаг, Хрватска, од 5 до 7 јули 2019 година, каде што се пријавени вкупно 2669 учесници од 73 држави од целиот Свет.

Големата масовност и пријавени квалитетни натпреварувачи укажуваат дека во Умаг нема да биде ни малку лесно да се влезе во борба за некој од медалите.

За каратистите од Македонија ова е квалификациски турнир за Светското првенство, при што услов за место во репрезентацијата е пласман меѓу првите тројца во категоријата.

„Каратистите на Макпетрол се максимално подготвени. Од нив се очекува да прикажат добри борби, висока техничка подготвеност и да се закитат со некој од медалите. Да нагласиме дека за македонските каратисти ова натпреварување е од голема важност, бидејќи ова натпреварување е ставено како критериумски турнир за влез во младинската државна репрезентација“,изјави тренерот Бошко Заборски,.

За Умаг отпатуваа:

1. Анѓела Мојсовска У21, категорија -68 кг
2. Стефан Стојановиќ, кадет -70 кг
3. Глигор Петков У1, категорија -84 кг
4. Кристијан Бошковски, Јуниор -68 кг
5. Данило Божовиќ, кадет +55кг
6. Димитар Лозановски, кадет -63 кг
7. Марија Петровска, јуниор -48 кг
8.Давуд Рамадановски, јуниор -68 кг
9. Роберто Ацковски, У21 -67 кг
10.Абдурахим Идризи, У21 -60 кг
Во Умаг спортистите ќе ги предводи помошниот тренер на Макпетрол, Петар Заборски.

print