Македонска инвазија на Гранд при Кроација

2014-11-23 13.53.39

Каратисти од повеќе клубови од нашата земја ќе учествуваат на квалитетниот турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска, овој викенд. На 24 турнир ќе учестуваат 1700 каратисти од 206 клубови од 23 држави.

Од македонските клубови со свои натпреварувачи ќе настапат: Макпетрол, Металург, Урбан инвест, Фунакоши Гичин, Партизан Кочани, Форца, Камиказе и Тигар.

Натпреварите се во борби и кати, од деца до сениори.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...