Македонија со 16 каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул

 

Во новото коло на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул, Турција, од 8 до 10 јуни, Македонија ќе ја претставуваат 16 каратисти, при што осуммина се пријавени од Карате федерацијата на Македонија (КФМ), а останатат половина се од клубовите.

Оние каратисти што се пријавени од КФМ се на нејзина сметка, но и дека ги исполнуваат условите со пласманот на ВКФ ранг листата, додека натпреварувачите со клупски преднак се на товар на клубовите.

На турнирот во Истанбул ќе настапат 620 каратисти од 200 клуба, односно од 63 држави.

Македонија ќе ја претставуваат каратистите:

60 кг – 40 натпреварувачи
Емил Павлов – КФМ

67 кг – 58
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов

75 кг – 52
Ферат Корбулиќи – Металург,
Петар Заборски – Макпетрол
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов,

-84 кг – 51
Берат Јакупи – КФМ
Петар Спасеновски – Металург
Виктор Крстевски– Металург

+84 кг – 46
Мартин Несторовски – КФМ
Жарко Арсовски – КФМ

-50 кг -46
Сара Радичевска – КФМ

55 кг – 52
Симона Заборска – КФМ
Јована Георгиева – Олимпик спорт

61 кг – 52
Наташа Стефановска – КФМ
Вероника Костовска – Кеикс

68 кг – 35
Моника Стефановска – КФМ

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...