Македонија со четворица борачи на Европското првенство за сениори

Македонската репрезентација во борење слободен стил ќе ја претставуваат четворица борачи на Европското првенство за сениори во Букурешт, Романија, од 8 до 14 април.

Боите на Македонија ќе ги бранат Владимир Егоров (-57 кг), Елмедин Сејфулаху (-61 кг), Фати Вјесели (-65 кг) и Могамедгаџи Нуров (-92 кг).

Наш најголем адут за висок пласман е Нуров кој досега во неколку наврати беше блиску до освојувањето на медал. Инаку, Русија доѓа со најсилен состав и е најголем фаворит за шампионските титули.

Ipon.mk

print