Македонија прва на меѓународниот турнир во борење „Победник“ во Белград

Првото место и трофејот „Победник“ во Белград – Србија, го освои екипата на Македонија, со вкупно 10 медали – 4 златни, 2 сребрени и 4 бронзени во борење слободен стил.

На турирот што се одржа вчера екипата на Македонија ја сочинуваа борачи и борачки на Безбедност, Бучим и Олимпија. На турнирот учествуваа 120 спортисти/ки од 24 клубови од 5 земји (Македонија, Србија. Босна и Херцеговина, Грција, Словачка и Хрватска).

 

Име и Презиме Боречки клуб пласман Тежинска категорија Возрасна  категорија
Давид Миленовски БК Олимпија 1 место 44 кг Пионер
Никола Трајчев БК Олимпија 1 место 48 кг Пионер
Кире Малчев БК Олимпија 3 место 85  кг Пионер
Стефан Зашков БК Олимпија 2 место 52  кг Пионер
Петар Тодев БК Олимпија 1 место 79  кг Јуниори
Иван Печенпетеловски ПБК Безбедност 1 место

 

110 кг Кадети
Марко Поповиќ ПБК Безбедност Кадет
Олгица Коцева ПБК Безбедност 2 место 57 кг Кадетка
Бојана Лазаревска ПБК Безбедност 3 место 65 кг Кадетка
Радомир Димитриевик БК Бучим 3 место 52 кг Кадет
Никола Танев БК Бучим 62 кг Кадет
Стефан Димитров БК Бучим 3 место 68 кг Кадет
Дејан Јосифов БК Бучим 68 кг Кадет

 

Нашите борачи ги предводеа тренерите Страшо Глигоров (ПБК Безбедност), Кире Нисев и Гордан Николов (БК Олимпија).

print

Можеби ќе ви се допадне...