Македонија прва на „Адем Јашари“, Фати Весели најдобар техничар (ФОТО)

Македонија го освои прво место во екипна конкуренција на Меѓународниот турнир во борење „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, а нашиот состав го претставуваа борбачи на Тефејуз, Лирија и Чаир. Второ е Косoво, трета е Бугарија.

Фати Весели е прогласен за најдобар техничар.

Златни медали освоија: Елмедин Сејфулаху (-61 кг), Фати Весели (-65 кг), Ријат Реџепи (-70 кг) и Рамадан Мустафовски (-97 кг).

Сребрени: Халид Османи (-57 кг) Шаип Брава (-70 кг) и Астрит Исмаили (-79 кг).

На турнирот учествуваа борачи од Косово, Бугарија, Кипар, Турција, Македонија и Албанија.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...