Македонија очекува да го добие ЕП во ИАИДО 2019 во Охрид

Македонската кендо – иаидо федерација е кандидат за организација на Европско првенство во ИАИДО 2019 година во Охрид.
Генералното Собрание на Европската кендо федерација утре во Будимпешта, Унгарија, треба да гласа на кого ќе ја додели организацијата.

Претседателот на Македонската кендо – иаидо федерација, Златко Кескоски, вели дека многу аргументи се на страната на Македонија, пред се најдобрата организација на едно европско првенство во кендо, кое минатата година се одржа во Скопје. Потоа напредокот на овој спорт во нашата земја, како и домаѓинството на Охрид кој има авионска комуникација. Затоа вели дека надежите се големи и утре очекува потврдна одлука.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...