Луис Ортиз го нокаутираше Тигарот (ВИДЕО)

Luis Ortiz go nokautira Toni Tompson

Преодниот шампион на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија, Луис Ортиз, го нокаутира во шестата рунда Тони Томпсон – Тигар (САД) на галавечерта во Вашингтон.

Сепак, појасот не беше во игра, бидејќи Американецот не ги исполнуваше условите на бокс организацијата да биде кандидат. Кубанецот ја започна многу силно средбата. Тој го напаѓаше многу силно ветеранот во првата и третата рунда пред да го нокаутира во шестата рунда.

На истата галавечер Џеси Варгас го изненади досега непбоедениот Садам Али и ја освои титулата на Светската боксерска организација во полусредна категорија. Средбата заврши во деветата рунда. Тогаш Варгас го искористи моментот по втор пат да го прати во нокдаун Али, по што го доврши.

Ова беше 27-та победа (10 со нокаут) за Варгас, кој има еден пораз во својата кариера.

https://youtu.be/2fbf0gfcn-Y

print

Можеби ќе ви се допадне...