Ломаченко ја ослободи ВБО титулата

Васил Ломаченко одлучи да остане во лесна категорија за следната борба.

Украинскиот боксер официјално ја ослободи титулата ВБО во суперперолесна која ја освои со победата против Роман Мартинез во 2016 година и ја одбрани четири пати.

30-годишниот Лома пред две недели со победата против Хорхе Линарес стана шампион на ВБА во лесна категорија.

Следната борба ќе ја има на 25 август во Лос Анџелес. Името на неговиот противник се уште е непознато, но неговиот промотор Боб Арум ја спомна можноста за обединување на титулите со шампионот на ВБО, Реј Белтран (35-7-1-1NC, 21 КО), кого, исто така, го застапува Топ ранк.

Се очекува за испразнетата ВБО титула во суперперолесна категорија да се бори против Кристофер Дијаз (23-0, 15 КО) и Масајуки Ито (23-1-1, 12 КО).

print

Можеби ќе ви се допадне...