Ломаченко се подигна од подот и го нокаутира Линарес (ВИДЕО)

Васил Ломаченко (11-1, 9 КО) во својата 12-та борба ја освои титулата светски шампион во трета тежинска категорија.

Двојниот олимписки победник во њујоршкиот Медисон сквер гарден со прекин во 10-тата рунда го победи ВБА првакот во лесна категорија Хорхе Линарес (44-4, 27 КО).

Боксерот од Венецуела го собори Ломаченко со десен директ во шестата рунда. Украинецот во овој рамноправен меч на кого двајца судии во моментот на прекинот му даваа предност на него (86-84, 86-84), а третата судијка ги бодираше изеданачено, ја заклучи 10 рунда со удар во црниот дроб.

На Линарес ова му е четврти пораз во кариерата, а сите се со прекин.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...