Ломаченко се враќа на 25 август

Васил Ломченко планира да се врати на 25 август. Сè уште не е познато кој ќе му биде ривал на двократниот олимписки шампион. Според извештаите во американскиот печат, Украинецот може да се бори со Роман Андреев.

„Се враќам на 25 август. Што мислите, кој ќе биде мојот противник“, праша Васил Ломаченко на социјалните мрежи.

30-годишната машина во мај ја освои светската титула во трета тежинска категорија. Тогаш тој за појасот во лесна категорија го победи тврдокорниот Хорхе Линарес.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...