Лирија пред Балканец и изедначените Тефејуз и Бучим на Изборното првенство У-23

Balkanec u-23 vo radovis 20.2.2016

Лирија на Изборното првенство за борачи до 23 години освои најмногу поени- 32, со три први места, едно второ и пет трети места, и е најдобра на ова првенство, пред Балканец со два бода повеќе 30, Тефејуз и Бучим по 24 бода.

Lirija u-23 radovis 20 2 2016
На Изборното првенство учествваа 52 борачи од 7 клубови, освен Вардар и Работнички. Најинтересни беа средбите во категориите до 61 и 86 килограми. Во средбата до 61 килограм, Раиф Камбери заслужено славаше над Иван Јанев со 6-2, додека Никола Димитриев од Балканец, иако до пред крајот на борбата водеше со два поена разлика, по своја грешка загуби. Финалните борби беа на ниво и ги опрвадаа очекувањата.

Победата на нашиот клуб ќе беше уште поголема, доколку Ријад Реџепи не беше дисквалификуван од страна на организаторот, од причини што само тие ги знаат, иако во финалето му беше сигурна победата“, велат од Лирија на ФБ страницата, и додаваат сега се фокусираат на уште една шампионска титула. Наредната недела е јуниорското првенство во Скопје, а од Лирија сметаат дека се апсолутни фаворити.

Tefejuz vo radovis U-23 20.2 2016

По средбата во категоијата до 65 кг меѓу Ријад Реџепи од Лирија и Серхан Шакиров , се случи инцидент, при што како што изјавија делегатот Љупчо Јанев и секретарот на ФБСМ, Љупчо Лазаревски, борачот на Лирија го навредил Шакиров. По пауза од 20 минути, првенството продолжи. Делегатот Јанев го суспендира Ријад Реџепи, па во категоријата до 65 килограми првото место го освои Абдул Фета Османи , а Шакиров е втор.

Лирија освои три први места, Тефејуз две први места, а по едно Балканец, Бучим, Студеничани и Балканец.

Сепак, мора да нагласиме дека ФБСМ нема донесено одлука дека бодувањата ќе важат за Купот на Македонија како лани.
Резулати:

57 кг

1.Елемдин Сејфулаху  (Лирија)

2.Армин Идризи Тефејуз

3.Самир Реџепи (Лирија)

Теодор темелкјовски 7 мај

61 кг

1.Раиф Камбери (Лирија)

2.Иван Јанев (Бучим)

3.Ирфан Реџелари (Лирија)

3.Амир Реџепи (Лирија)

65 кг

1.Абдулфета Османи ( Лирија)

2.Серхан Шакиров (Балканец)

70 кг

1.Бехар Махмути (Тефејуз)

2.Фиданчо Јованов (Бучим)

3.Ангел Зафиров Балканец

3.Јетмир имеровски тефејуз

74 кг

1.Муртезани Беслим (Студеничани)

2.Александар Донев (Балкнец)

3.Николче Петров (Бучим)

3.Ердогаан Мемети (Тефејуз)

86 кг

1.Рамадан Мустафовски (Тефејуз)

2.Никола Димитријев (Балканец)

3.Михаил Николов (Бучим)

3.Јусуф Сахити (Лирија)

96 кг

1.Стефан Никовски ( Балканец)

2.Адем Адем (Лирија)

3.Стефан Николовски (Балканец)

3.Шукри Асани (Тефејуз)

125 кг

1.Мите Здравев (Бучим)

2.Крстев кристијан (Бучим)

3.Илија харлампиев (Балканец)

3.Бурхан Исмаили (Лирија)

Ipon.mk/В.Д.-К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...