Ленокс Луис на 52 години му нуди шанса за равнш на Витали Кличко

Поранешниот светски шампион во супертешка категорија, Ленокс Луис, кој има 52 години, вели дека ќе се врати во рингот за спектакуларна борба,односно на реванш меч со Витали Кличко.

Медиумите во Украина известуваат дека на легендарната борба од 2003 година меѓу Луис и Витали Кличко ќе има реванш. Во тогашната импресивна борба во шестата рунда Луис со нокаут го легна украинскиот титан, всушност, тоа беше последната борба на Британецот.

Сега, тие ќе се сретнеле наесен, во рамки на една конвенција на ВБЦ во Киев, чиј градоначалник е Кличко. Ревијалната борба би се случила во периодот од 30 септември до 5 октомври.

Според 46-годишниот Кличко, Луис уште пред 15 години му ветил дека ќе му пружи и шанса за реванш, но никогаш не ја добил.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...