Легендарниот Јорго Огненовски неисцрпна мотивација и за Зоран Пејов (ФОТО)

Пред легендите сите се поклонуваат а тие ја покажуваат величината зашто се легенди. Таква беше и денешната средба на легендата на македонското и југословенското карате Јорго Огненовски и на еден од првите освојувачи на медал (бронзен) во независна Македонија на Европското првенство за кадети и јуниори во Кардиф 1993 година, Зоран Пејов од Карате центар Пејов.

Јорго и Зоран разговараа само на една тема – карате, која за нив е неисцрпна и ќе се продолжи на наредна средба. Огненовски истакна дека Македонија треба да се гордее со вака успешни каратисти и сега масјтори и дека заслужуваат поддршка за да имаме успеси на европската и светската сцена.

Пејов истакна дека оваа средба многу му значи, бидејќи прв пат лично го запознава легенадрниот македонски каратист Јорго Огненовски и дека тој заслужува посебно место во македонската спортска историја. Како знак на внимание и почит, Зоран го покани Јорго на „Големиот балкански карате семинар“ на 29 и 30 март во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во организација на КЦ Пејов. Од страна на Огненовски, поканата беше прифатена со задоволство.

Во една работа и двајцата се сложија – чистата енергија мора да владее кај луѓето и да се има почит спрема секого.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...