КФМ на 1 јуни треба да добие ново стручно лице

Веќе еден месец канцеларијата на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) работи без стручно лице, бидејќи досега вработената од лични причини се повлече од работното место. Па така, во најфрекфентниот период КФМ остана без стручно лице, при што имаше многу пропусти во работата, а еден од тие и организацијата на патувањето на Балканското првенство за деца во Истанбул, Турција, каде што беа сместувани по 5-6 деца во соба.

Извршниот одбор има донесено одлука да се распише конкурс за прием на

стручен соработник во КФМ кој треба да почне со работа од 1 јуни. Но во конкурсот не се наведени условите кои треба да ги исполнува стручното лице, односно познавање на англиски јазик, владеење на компјутерската технологија, а и под кои услови ќе работи. Досегашното искуство зборува и за невозможни договори.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...