Кузмановски-Хусеини: Ќе се вратиме со медал од Европското првенство!

Reprezenatcija karate
Вкуп­но 35 ка­ра­ти­сти и ка­ра­тис­тки во ка­дет­ска, ју­ни­ор­ска и кон­ку­рен­ци­ја на ју­ни­о­ри до 21 го­ди­на, ка­ко и во ка­ти, ќе ги бра­нат бо­и­те на Ма­ке­до­ни­ја на Европ­ско­то пр­венс­тво од 6 до 8 февруари во Ци­рих, Швај­ца­ри­ја. Нив ќе ги пред­во­дат се­ле­кто­ри­те Але­ксан­дар Куз­ма­нов­ски (ка­де­ти), Ар­линд Ху­се­и­ни (ју­ни­о­ри) и Зла­тко Ди­мо­ски (ка­ти), кои се оп­ти­ми­сти пред по­че­то­кот на ЕП.
– Трид­нев­ни­те за­ед­нич­ки под­го­то­вки, пред сѐ на та­ктич­ки план, а на кои ни по­ма­га­ше и пси­хо­ло­гот Лен­че Але­ксов­ска, минаа одлично. Од ва­кви­те ЕП се­ко­гаш сме се вра­ќа­ле со ме­дал, па ве­ру­вам де­ка и од Цирих ќе го сториме истото – рече селекторот на јуноирите Ху­се­и­ни на денешната прес-конференција, а како фаворити за медал ги посочи Симона Заборска и Емир Ќосовиќ.
Со сли­чен став е и се­ле­кто­рот на ка­де­ти­те Куз­ма­нов­ски.
– Из­не­на­ден сум од ма­кси­мал­на­та ан­га­жи­ра­ност што ја по­ка­жаа на овие под­го­то­вки ка­де­ти­те иа­ко не­кои и прв­пат ќе се на­ста­пат на ЕП. Не­ма да изд­во­јам по­се­бен адут, но об­вр­ска ни е да ис­пи­ше­ме но­ва успешна историја во ма­ке­дон­ско­то ка­ра­те – ве­ли Куз­ма­нов­ски.

reprezentacija site

Вероника Костовска, Емилија Јаниќ, Роберто Ацковски и Емир Ќосовиќ од името на сите репрезентативци искажаа подготвеност да го дадат својот максимум и да освојат медал, со што ќе се продолжи успешната низа од европските првенства.

Во кати одиме со познат состав: Маријана и Мишела Димоски и Искра Карашоска –ката тим, а Маријана ќе настапи и во поединечна конкуренција-јуниори, како и Анастасија Матеска-кадети (сите од Ронин) и Фери Исиќ- јуниори (Вардар).

kata reprezentcij

Македонија ќе ја претставуваат: јуниори 21-до 65 кг Горан Николовски (Металург), до 67 кг Ирфан Мисими (Бакими), до 75 кг Стефан Ефремов (Олимпик спорт), до 84 кг Емир Ќосовиќ (Метаург) и над 84 кг Емануел Ристевски (Макпетрол); Сара Радичдевска до 50 кг и до 61 кг Симона Заборска (Макпетрол), до 55 кг Марија Матракоска (Ронин) и Ивана Атанасова до 68 г (Тигар).

Кадети: Роберто Ацковски, Петар Заборски, Димитар Јакимов, Манговска Драгана, Вероника Костовска, Емилија Јаниќ, Христина Ристиќ, Моника Пендаровска, Марија Василева, Сара Симоноска, Сара Радическа, Илија Андоновиќ, Бојан Димов, Марко Костов, Филип Несторовски, Шкелким Рамадани, Давид Петков, Адил Мехмед, Андреј Ристески и Стефан Ефремов.

ipon.mk/В.Д.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...