Кубанците ја победија Астана во првиот финален меч на ВСБ (ВИДЕО)

Во кинескиот Ксиамен се одржа првиот финален меч на Светската боксерска лига (ВСБ) меѓу Куба Домодрес и Астана Арланс.

Во вториот меч во петокот во Јингјианг каде што силите ќе ги одмерат боксерите од преостанатите категории и ќе одлучат победникот на осмата сезона, Кубанците влегуваат со предност од 3-2.

Казахстанците поведоа преку Темиртас Жусуповас кој во борбата во полумува категорија со 3-0 беше подобро од Дамјан Арче Дуарте.

Изедначи Освел Гарсија Кабалеро победувајќи го на ист начин Илјас Сулејменов во бантам.

Енди Круз со поделена одлука на судиите го победи Дилмурат Милжитов во мечот до 64 килограми и ги доведе Кубанците во водство.

Новото изедначување на средбата го донесе Абилкан Амалкун со едногласна одлука на судиите Ослејс Иглесиас Естрада на мечот во средна категорија.

Предноста на Домодорес пред втораот дуел ја донесе Ерисланди Савон победувајќи го со убедлива одлука Нурбол Алтаев.

C1 Final – Astana Arlans vs Cuba Domadores

#WSB8 #C1Final@AstanaArlans vs @CubaDomadores#WSB #Boxing

World Series Boxing 发布于 2018 年 9 月 26 日 周三

.

print