Кубанците и Астана во финалето ВСБ/WSB

Во финалето на седмата сезона на WSB/ВСБ ќе се борат двократните шампиони Куба Домадореси и Астана Арланси.

По поразот од 3-2 во првото коло во Колумбија, Кубанците во реваншот во Хавана со 5-0 ги згазија Хероискозе и славеа со вкупни 7-3.

Победите на Домадореси и ги донесоа меѓу останатите и олимпискиот шампион од 2012 година, Рониел Иглесијас, на поени против Рикард Лагард, па трикратниот светски првак и златниот од Рио, Жулио Цезар Ла Круз, кој со прекин во четвртата рунда го победи Хесион Камарга Гантиву.

Ослабените Британските Лајонхартс не можеа да извлечат повеќе против Астана Арланс од чесен пораз. По 4-1 во Астана, Казахстанците во Јорк хол беа подобри со 3-2.

print

Можеби ќе ви се допадне...