Кро Кап: Федор е далеку од формата поради која му се восхитувавме, плати со преголема цена! (ВИДЕО)

Легендарниот хрватски ММА борец Мирко Филиповиќ алијас Кро Кап во понеделникот се појави во популарната емисија „ММА час“ каде што со познатиот новинар и репортер Ариел Хелвани зборуваше за претстојниот меч против Рој Нелсон на Белаторr 200 во Лондон, но и за други теми. Но, едно прашање беше посебно интересно.

Дали сега мечот против Федор е опција кога повторно дел од истата организација како и легендарниот Русин?

„Видете, се договорив само на една борба. Ќе одработам мечот против Нелсон, а потоа ќе видам. Но, никогаш не знаеш во ММА. Само сакам да истакнам дека ова е договор за една  борба за кој сакам да бидам во одлична форма“, Филиповиќ открива и додава:

„Искрено, Федор е далеку од формата кога беше најдобар. Мислам дека паузата од скоро три години премногу го чинеше. Плати со преголема цена. Имаше катастрофа против Малдонадо, а потоа е нокаутиран во борбата против Митрион во првата рунда. Тоа не е Федор кого навинваме да го гледаме и на кого сите му се восхитувавме. Мислам дека не е реално дека ќе се бориме, впрочем, и не зборував за тоа. Искрено, во овој момент воопшто не размислувам за тој меч, верувајте ми“.

Разговорот може да го погледнете на виедетото од: 03:17:00 – 03:30:00.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...