Кро Кап: Нелсоне избричи ја одвратната брада и покажи почитување

Рој Нелсон изјави дека очекувал борба со Квинтон Џексон, а не со Кро Кап.

Но, 41-годишниот Американец на 25 мај во Лондон во кафез ќе влезе со хрватскиот борец. Филиповиќ е во серија од осум последователни победи, но Нелсон смета дека за тие резултати му потпомогнале недозволени средства.

„Кро Кап дојде како изненадување. Требаше да се борам со Ремпјеџ, но тој не го сакаше тоа, па го донесоа Кро Кап. Јас сум целосно за реванш. Тоа е она што го сакав за себе, некој да ми пружи втора шанса“.

Во разговор за ММА Џанки рече дека нема да бара посебни допинг тестови во пресрет на битката, но дека очекува на режимот да биде постро отколку за претходниот меч со Мет Митрион во четвртфиналето Гран прито на Белатор.

„За мојата последна борба бевме тестирани третата или четвртата недела од подготовките. Дури и не бев лиценциран во тоа време, а потоа веќе не не тестираа, ниту по борбата. Некој во меѓувреме не можел да се врати на користење на недозволени средства. Не знам. Само, ако скатае да тестирате, тестирајте“.

„Мислам дека дефинитивно Кро Кап се поправа со текот на годините, но мислам дека се вратил на специјални „суплементи“”, подобро од вообичаеното. Во текот на целата моја кариера  луѓе сакаа да се борат со мене или имаа шанса да ме победат само ако се на нешто. Едноставно знам дека сите користат. Тоа е една од залудните битки. Ако може да помогнете во спречувањето на тоа, кул. Но, на крајот јас се борам со секого што сакаат да се борам“.

Нелсон е убеден дека победникот на оваа борба ќе биде резерва на турнирот во случај некој да се повреди.

Кро Кап на Фејсбук му одговори на својот следен противник.

„Дрга Рој Нелсон. Не мора да се плашиш дека користам каквибило „специјални суплементи“, како што тврдиш. Единствени посебни суплементи кои ги користам се два тешки и крвави тренинзи на ден, пет дена во неделата. Ќе ме тестираат, како и другите, за време на подготовките за борбата, и пред и по борбата. Така што може да бидеш мирен. И почни да смислуваш некој добар изговор кога ќе го претепам твоето дебело, безобразно газе. Имаш доволно време до25 мај. И те молам направи ми услуга и избричи ја таа одвратна брада. Изгледај како професионален борец и покажи почит спрема противникот. Среќно“!

Во првата борба во октомври 2011 година на уФЦ 137 во Лас Вегас Нелсон победи со нокаут во третата рунда.

print

Можеби ќе ви се допадне...