Кро Кап е чудо: Само по 8 недели се врати со полн погон (ВИДЕО)

Кро Кап е чудо! По само осум недели од тешката операција во која ги реконструираше вкрстените лигаменти на левото колено, легендарниот хрватски борец речиси се врати со полн погон.

Во вторникот објави видео од салата на неговата официјална страница на Фејсбук, каде што со полна моќ ја удира боксерската вреќа. Брилијантно се движи се оглед на фактот дека повредата се уште е свежа.

Филиповиќ на левото колено се уште има стегач, но впечаток е дека многу брзо ќе тренира и без него.

Според првичните процени, Кро Кап треба да се врати во декември, на завршниот настан на Ризин. Сепак, со обѕир на вака брзото закрепнување, можно е Филиповиќ да го видиме во акција оваа есен. Сепак, за ова во моментов нема потврда.

8 weeks after surgery!#crocop #training

Posted by Mirko CroCop Filipovic on 2018 m. Liepa 17 d., Antradienis

.

print

Можеби ќе ви се допадне...