Кристијан Воденски ја одбрани титулата во кик бокс во Германија!

Воденски побеедник во кик бокс

Кристијан Воденски ја одбрани титулата на Меѓународното германско првенство на WFMC федерацијата во кик бокс во лајт контакт.

WFMC macedonia

Диплома на Воденски

Денеска во Келн Воденски имаше три борби во категоријата до 25 килограми и во сите три триумфираше со деца попотекло од Турција. Тој настапи под знамето на Македонија за тимот ВФМЦ Македонија.

Најатрактивниот дел од борбите на Кристијан беше неговиот ротациски удар одзади со петица (кикилорис техника).

Кристијан годинава не знае за пораз, без разлика во кој спорт се натпреварува, дали борење, кик бокс или џиу џицу.

ipon.mk/В. Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...