Костовска и Радичевска беа близу до бронзите во Салзбург, добри мечеви на Исмаил и Заборски

 

Нашите каратисти денеска имаа добар настап на Карате 1 Серија А лигата – Салзбург 2018 и штета е што не го крунисаа со медал. Ова посебно се однесува на Вероника Костовска и Сара Радичевска кои стигнаа на една борба пред распределбата на бронзените медали. На крајот ги зазедоа седмите места.

Забележителни настапи имаа и Азиз Исмаил и Петар Заборски во категоријата до 75 килограми. Нивните противници стигнаа до полуфиналето, ако и пружеа шанса во репасажот можеше да се надеваат и на медал. Воопшто не разочара и младиот Давид Петков кој извојува две победи.

на која ќе настапат 1597 натпреварувачи од 88 држави од 2 до 4 март. Македонските каратисти вечерва отпатуваа за Салзбург каде што ќе има поголема конкуренција од Карате 1 Премиер лигата во Дубаи пред две недели.

Резултати:

-50 кг – 84 натпреварувачи
Сара Радичевска (Макпетрол) – Кармен Клемент (Унгарија) 1-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Лорен Крафворд (Англија) 2-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Миле Хјерилд (Данска) 1-0
Сара Радичевска (Макпетрол) – Чинацу Ендо (Јапонија) 0-2
Репасаж
Сара Радичевска (Макпетрол) – Никол Мурабито (Италија) 5-1
Сара Радичевска (Макпетрол) – Рочио Естепа Санчез (Шпанија) 0-3

Драгана Манговска (Металург) – Марел Касее (Холандија) 4-0
Драгана Манговска (Металург) – Софија Бундербане (Франција) 0-1

-61 кг – 101
Вероника Костовска (Кеикс) – Мајуми Сомеја (Јапонија) 0-0
Репасаж
Вероника Костовска (Кеикс) – Ксенија Рајовиќ (Црна Гора) 0-0
Вероника Костовска (Кеикс) – Сара Елварт (Полска) 1-0
Вероника Костовска (Кеикс) – Ноеми Корнфелд (Швајцарија) 1-0
Вероника Костовска (Кеикс) – Ана Мигу (Германија) 0-1

Наташа Стефановска (Макпетрол) – Невена Петровиќ (Србија) 3-0
Наташа Стефановска (Макпетрол) – Тјаса Ристиќ (Словенија) 5-5

-68 кг – 96
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Ивана Бебек (Хрватска) 0-0
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Александра Будкина (Казахстан) 2-6

Моника Стефановска (Макпетрол) – Лина Пусник (Словенија) 2-1
Моника Стефановска (Макпетрол) – Алзахра Фатма Јилмаз (Египет)1-4

-67 кг – 180
Давид Петков (Металург) – Чериф Ба Папе (Италија) 1-0
Давид Петков (Металург) – Васил Ривов (Бугарија) 2-2
Давид Петков (Металург) – Винициус Фигуеира (Бразил) 0-2

-75 кг – 168
Азиз Исмаил (Металург) – Енрико Пигат (Италија) 7-1
Азиз Исмаил (Металург) – Родриго Ибањез (Шпанија) 1-0
Азиз Исмаил (Металург) – Беслам Мизов (Русија) 1-1 – прв поен за Русинот

Петар Заборски (Макпетрол) – Хекуран Сојева (Косово) 2-0
Петар Заборски (Макпетрол) – Филипе Брунер (Швајцарија) 3-1
Петар Заборски (Макпетрол) – Лубош Џачовски (Словачка) 0-0
Петар Заборски (Макпетрол) – Павел Кирјиевич (Белорусија) 0-1

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...