Конор ќе загуби 90 отсто од хонорарот ако зададе удар со нога

Конор Мек Грегор ќе загуби 90 отсто од хонорарот ако му зададе удар со нога на Флојд Мејведер. Ова го откри американскиот боксер.

„Ќе има парична казна, огромна парична казна“, рече Мејведер и додаде: „Не мислам дека тој сака да изгуби 90 проценти од неговиот хонорар, ако не и повеќе. Не можам да ја кажам точната сума колку е, но е огромна“.

Битката меѓу Мек Грегор и Мејведер ќе се одржи на 26 август во Лас Вегас.

print

Можеби ќе ви се допадне...