Конор: Флојд, дојди да се бориме во октагонот!

Ѕвездата на ММА Конор Мек Грегор го предизвика боксерот Флојд Мејведер на реванш меч.

Пред неколку месеци Американецот го совлада Мек Грегор и ја забележа 50-та од 50 мечеви, по што се повлече од спортот.

Но, Мек Грегор сега тврди дека добил ветување за реванш според правилата на ММА пред првата борба.

„Јас сум разочаран што копилето сега се пензионира. Ако имам уште една шанса да се борам по правилата на боксот, ќе го победам. Научив многу за овој спорт и сум подготвен да го победам. Но, нема да му се обратам. Седам и го чекам. Можеби тој ќе се јави. Мејведер пред нашата борба ми рече дека ќе има реванш меч според правилата на ММА. Ако сака да го направи, јас сум за. Нека ме повика. Сакам да влезе во октагонот и да види за што се работи“, рече Мек Грегор.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...