Конор Мек Грегор: Догодина ќе видиме кој е царот!

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор,  се врати во кафезот во октомври, но беше сабмитнат од Хабиб Нурмагомедов, а, како капак на се, беше испратен и во нокдаун, што никогаш порано не му се случило. „Озлогласениот“ не личеше на себе, туку беше само сенка на големината од минатото. Но, Конор вели дека ова ќе се промени следната година и се закани оти ќе покаже кој царува во ММА.

„Ќе видиме кој ќе царува во 2019 година“!

За прв пат во кариерата Конор Мек Грегор е во серија од два порази, иако една од нив не е во кафезот. Тој е сеуште најбаран од борците како противник, бидејќи битка со него ги прави богати. Во моментов, тој е казнет од страна на Атлетската комисија и ќе се појави на сослушувањето на 29 јануари.

print

Можеби ќе ви се допадне...