Конор до Хабиб: Ти не го почитуваш Путин

Конор Мек Грегор ја доби првата рунда од вербалната пресметка со Хабиб Нурмагомедов. Тие ќе се борат на 6 октомври во Лас Вегас за титулата УФЦ во лесна категорија.

Ирецот му зададе многу сериозен удар откако успеа да го натера својот противник на дијалог за Владимир Путин. Сè почнало од пуштена реплика на Нурмагомедов. Русинот беше во финалето на Светското првенство меѓу Франција и Хрватска и рече дека играта е извонредна. И Мек Грегор присуствуваше на средбата и се сликаше со рускиот претседател Владимир Путин.

„Не треба да објавувам слики со никого, без разлика за кого станува збор, дали тоа е Путин или некој друг“, рече Нурмагомедов.

Итриот Мек Грегор веднаш го искористи ова.

„Ти не го почитуваш претседателот Путин“, го праша Ирецот.

„Зошто да не го почитувам“, рече Нурмагомедов.

„Тогаш зошто не се слика со него“, се спротивстави Конор.

„Просто не сакав“, откачи Хабиб.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...