Комисијата за спречување и заштита од дискриминација: Борачките биле дискриминирани на Државното првенство во Прилеп

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе општа препорака од областа на еднаковста и дискриминацијата  во родовите прававо согласност со  член 21 точка 6 и член 28 во врска со членовите 5 и 3 од Законот за сперчување и заштита од дискрминација, како и член 9 од Уставот РСМ, според која Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) треба да го усогласи Стаутот, другите општи акти и одлуки со Законот за спречување и заштита од дискриминација, така што нема да се прави разлика помеѓу родот, односно мажите и жените во организирањето на натпревари од известување на клубовите за пропозициите на натпреварите т.е. квалификационите услови за улество на натпреварот , местото, времето, програмата, категориите и друго за спроведување на истото.

Комисијата истакнува дека постапила по претставка на Македонското здружение на млади правници, а во име на ПБК Безбедност и на ПБК 7 Мај Тигар против ФБСМ.

Во образложението се наведува дека ФБСМ според Статутот има право да организира и одржува натпревари во слободен стил и борење за жени. Понатаму во предстваката е објаснувањето за Државното првенство во бирење – слободен стил кое се одржало во ОУ „Добре Јовановски“ во Прилеп на 14 април оваа година, каде што женските борачи не биле исто третирани како и машките.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2552738021414353&id=316470341707810

Затоа, Комисијата смета дека во конкретниот случај има основ за дискриминација во областа на родовите права. Се препорачува вакво нешто да не се повтори на коебило спортско натпреварување, заради Комисијата ја донела оваа одлука.

Ако не се постапи во согласност со општата препорака во рок од 30 дена, Комисијата може да поднесе тужба пред надлежен граѓански суд.     

Општа препорака КЗД

  

print