Кличко посакува победа на Фјури во реваншот со Вајлдер

Владимир Кличко посакува победа на Тајсон Фјури во реваншот со Дионтеј Вајлдер.

31-годишниот Британец на 22 февруари во Лас Вегас по втор пат ќе го предизвика шампионот на ВБЦ, откако нивната прва борба во декември 2018 година заврши без победник.

Во ноември 2015 година, Фјури го победи Кличко со едногласна одлука на судиите и ја прекина неговата еднодецинска доминација во тешка категорија.

„Или Вајлдер ќе го нокаутира Фјури или Фјури ќе победи на поени. Лично, многу го почитувам Вајлдер, беше во мојот тренинг камп, направивме рунди во рингот. Тој е одличен човек и фантастичен боксер. Веројатно никој денес, вклучувајќи се и себе, нема толку многу нокаути во тешка категорија“, рече Украинецот, кој следниот месец ќе наполни 44 години за Национал.

„Мислам, всушност, посакувам победа на Фјури. Верувале или не тој го може тоа. Можеби и не, но тоа го сакам. А требаше да има реванш меѓу Фјури и мене. Најавувам ли враќање со ова? Не, не објавувам. Слушајте ме внимателно: Не објавувам реванш“.

„Но, би можело да биде интересно ако Фјури неочекувано би победил и со тоа да отвори многу различни врати и да донесе возбуда и слични работи. Но, како што реков, или Вајлдер ќе победи со нокаут или Фјури би можел да победи на поени“.

print