Кличко не верува дека Фјури ќе направи резултати

Легендата на бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, не се произнесе ласкаво за човекот кој му ги одзеде титулите на ИБФ, ВБА и ВБО – Тајсон Фјури. Британецот најави враќање во рингот на 9 јуни, со што ќе го прекине речиси тригодишниот „одмор“ од спортот.

„Во историјата на боксот има многу примери за такви како Тајсон. Му посакувам се најдобро, но тој едноставно нема дисциплина, а таа е поважна од мотивацијата. Мотивацијата понекогаш ја има, понекогаш ја нема, но дисциплината е константа. Не сум Нострадамус и не знам што ќе се случи во иднина, но не мислам дека ќе постигнува некакви големи успеси, едноставно, затоа што нема дисциплина“, изјави Кличко, кој не доби реванш од Фјури во 2016 година, бидејќи Британецот беше позитивен на допинг тестот, а потоа падна во депресивна состојба и службено ги загуби појасите.

print

Можеби ќе ви се допадне...