Кличко и Фјури ќе се борат на 28 ноември во Дизелдорф

klicko-fjuri soocuvanje

Светскиот шампион во тешка категорија на четири федерации, Виталиј Кличко и неговиот предизвикувач Тајсон Фјури го презакажаа мечот за 28 ноември, исто така во Дизелдорф.

Тие требаше да се боксираат на 24 октомври, но мечот беше откажан поради повреда на Украинецот. Кличко ги брани титулите во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите.

Украинскиот боксер е непоразен цели 11 години, додека Фјури досега 24 пати се појавил во рингот и ги добил сите дуели. Во март оваа година, тој ја одбрани шампионската титула во Европа, а сега ќе се обиде да ја прекина фантастичната низа на Кличко која трае 27 меча без пораз.

print

Можеби ќе ви се допадне...