Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија го прогласи турнирот во Кичево за нелегален и најави санкции

Кик бокс мај тај федерацијата на Македонија (КМФМ) излезе со соопштение во кое се вели дека настанот „Соул челинџ 1“ што се одржа на 29 декември во Кичево е нелегален турнир во ММА и К1 борби.

„Турнир организиран од непознат организатор, на кој биле ангажирани несоодветни и нелиценцирани судии, без ниту еден ден судиско искуство.  Овие непрофесионалци суделе по свои измислени правила, а со тоа ги нарушиле  правилата за професионално и фер судење и секако правилата на КМФМ“, се наведува во соопштението на Федерацијата.

Понатму се вели дека со  овие дејствија и со нестручноста  и непрофесионалноста на лицата агнажирани околу организацијата на овој настан, се нанела штета на самите натпреварувачи и на самиот спорт. На овој начин на публиката, но и на целата јавност и се дава погрешна слика за  кик боксот како спорт и се руши угледот и професионалноста на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија.

Од КМФМ потенцираат дека Федрацијата не е официјално известена за одржување на овој настан, не се побарани лиценцирани судии да судат на настанот и во ниту еден момент од КМФМ официјално не е побарана дозвола за одржување на настанот.

Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија и претседателот Дејан Митровски – Урко се оградуваат од овој нелегален настан и неговата организација, вклучувајќи ги и борците кои се бореа, тренерите, клубовите, судиите, лекарите и сите ангажирани лица на тој нелегален натпревар.

„Согласно Статутот на КМФМ, сите лица вклучени во организацијата на овој нелегален „турнир во К1 и ММА борби“ направиле прекршок на одредбите од Статутот според членовите 7, 10 и 11 и против нив ќе се преземат соодветни санкции и дисциплински мерки. Ова самоволие на поединци и непрофесионално однесување на тренери и натпреварувачи на одредени клубови кои се регистрирани членови на КМФМ, е преседан и истото целосно се отфрла и осудува од страна на КМФМ. Со тоа што одредени тренери користат дел од своите натпреварувачи, а воедно менаџираат и со натпреварувачи од други клубови кои со или без дозвола на своите тренери учествуваат на приватни и нелегални шоу борби, од една страна, ги прекршуваат сите стандарди за фер-плеј и коректно спортско однесување, а, од друга страна, на организаторот му овозможуваат лична заработка од спонзорства и продадени карти со што им нанесуваат штета на натпреварувачите и ги разобличуваат дисциплините кои ги застапува Кикбокс мај тај федерацијата на Македонија. Секоја организација на вакви натпревари ќе трпи санкции согласно Статутот на КМФМ, Законот за спорт и позитивните закони во РМ. Санкции ќе трпат сите учесници -натпреварувачи, тренери, нивните клубови и судии“, категорични е претседателот на Дејан Митровски.

Ipon.mk

print