Киборг се врати со доминантна изведба и брутална повреда на аркадата (ВИДЕО)

Една од најголемите ѕвезди во историјата на ММА, Крис Киборг, направи импресивно враќање на октагонот. Таа убедливо славеше на поени над непоразената Феликс Спенсер (Канада).

34-годишниот Бразил доминираше од првата до последната секунда во трите рунди на средбата во перо категорија. Единствениот проблем за поранешната шампионка беше повредата на аркада. По лактот во главата се отвори исеченица од околу 4 см.

Тоа беше прва борба за Киборг по поразот во декември од Аманда Нунес за само 51 секунда.

По мечот Бразилката објави дека е подготвена да се бори со актуелната шампионка.

print