Кеикс ја провери формата со 5 златни и 1 бронзен медал

На проверката на формата Карате клубот Кеикс викендов на Меѓународниот турнир „Вогошча опен“ во Сараево освои пет златни и еден бронзен медал.

Најдобар поединец беше Мевлуд Мемеди кој освои два златни медали, како и Сајра Морина -68 кг во У-21, Бериз Куртановиќ беше најдобар во У-18  +76 кг, а Арта Буши беше супериорно прва во кадети -54 кг, додека Јусра Адеми овој пат беше трета во кадети +54 кг .

На турнирот учествуваа над 700 натпреварувачи претежно од регионот.

„Вистински натпревар на кој клубот сакаше да ја провери формата на натпреварувачите.  Па, со сигурност може да кажеме дека сме на прав пат. Она што беше сработено во нашата сала и летоска на трим-патеката на Гази Баба денес го проверивме со нашите конкуренти.

Задоволни сме, ќе продолжиме да работиме – со посилно темпо за натпреварите што следуваат, затоа што ова е почеток на сезоната и допрва ќе треба да се докажуваме со нашите конкуренти“, вели тренерот Елвир Куртановиќ.

print