Кеикс на врвот со 4 злата и 2 бронзи, иако настапуваше без тренер

Не знаевме какви ќе бидат резултатите од ова Државно првенство , затоа што натрпеварувачите на КК Кеикс на овој натпревар и на Плеј- офот настапуваа без тренер, што значи без правото на челенџ, вели тренерот на Кеикс Елвир Куртановиќ , при што додадедека во многу борби бил пресуден за добивање на мечот.

 Куртановиќ не ги водеше своите натпреварувачи бидејќи и има суспензија за која се води судска постапка.

„Ова во пракса значи голема предност за противничките натпреварувачи. Верував во моите натпреварувачи дека ќе ги исполнат моите очекувања , затоа што знам со каков квалитет располага Кеикс и дека секогаш, без разлика какви и да се недостатоците, натпреварувачите ќе го дадат својот максимум кога тоа е најпотребно. Така се тренирани, така тоа го прават и на терен“, потенцира тренерот на Кеикс, истакнуивајќи дека поради горенаведените причини до крајот се било неизвесно, но финишот покажал дека местото на клубот по квалитет секогаш е негде на врвот од табелата.

„Сајра Марина, Јусра Адеми, Бериз Куртановиќ и Арта Буши во двата дена покажаа дека се најдобри во своите категории па се закитија со првите места. Ангел Митев по киксот во првиот дел се поправи на Плеј-офот, беше прв ,но во генерален пласман е втор (со сумирање на бодови ). Мевлуд Мемеди беше втор на Плеј-офот, но недоволно за учество на Европското првенство, додека Јасин Османи, минатогодишниот вицешампион, поради училишни обврски изостави неколку тренинзи што беше пресудно да нема пласман. Ова е добра порака за другата година, кога не очекуваат нови натпревари“, оценува Куртановиќ и додава:

„Со четри златни медали и шест пласмани за Балканското првенство, задоволни сме. Останува да тренираме и се докажеме надвор од границите на нашата држава. Следат Балканското, па Европското првенство во Будимпешта во Февруари 2020 година“.

Ipon.mk

print