КБК Будо ќе биде амбасадор на Демир Капија (ФОТО)

Кикбоксот ги раздвижи младите во Демир Капија и ги промени сфаќањата за спортот, а успесите дополнително ги потикнуваат момчињата и девојките да тренираат кик бокс во еден од најмладите клубови Будо.

„По барање на локалната самоуправа и заинтересираноста на младите од овој крај да се занимаваат со боречки спортови, во јануари 2016 година мојот тренер Александар Ристовски отвори клуб, како подружница на нашиот клуб од Кавадарци, Кик бокс клубот Будо – Демир Капија. Поради работни обврски и многубројните тренинзи во клубот во Кавадарци, Алрксандар од средината на 2017 година ми даде доверба, како на еден од поискусните борци во клубот, да ја преземам тренерската работа“, истакнува повеќекратниот шампион на Македонија во ММА, Мартин Данев.

Тој истакнува дека клубот бори околу 30 членови и дека таа бројка од тренинг на тренинг се зголемува. За овие две години на Државните првенства натпреварувачите од Будо од Демир Капија освоија седум медали.

„Морам да го истакнам Александар Захарчев кој се натпреваруваше и на меѓународнот турнир во Ниш, каде што во силна конкуренција го освои третото место“, истакнува Данев кој за плановите на клубот вели:

„Плановите во клубот се огромни. Со Александар, во иднина, на следните државни првенства ќе изнесеме голем број на борци, а имаме и планови за настап на некои наши членови на меѓународни турнири. Во иднина кикбоксот ќе биде амбасадор на Демир Капија. Ве уверувам дека ќе биде така“.

Во малите места веднаш се забележуваат новостите, а успесите ги приврзуваат луѓето за клубот, односно спортот, но растат и апетитите. Од какво значење и КБК Будо за Демир Капија, најдборо го опшува тоа Данев.

„За ова мало место кик боксот до пред две години беше непозната тема, полека но сигурно, ги освојуваме симпатиите на Демир Капија. Веќе две години по ред роденденот на клубот од Кавадарци го прославуваме во Демир Капија со организација на Тиквешкиот кик бокс турнир. Оваа година земаа учество околу 50 борци од различни клубови Будо – Велес, Гладијатор – Штип, Гладијатор – Неготино и нашиот братски клуб Будо – Кавадарци. Овој турнир веќе прераснува во традиција. За нас, многу важно е што ја имаме поддршката од страна на градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, кој го помагна одржувањето на турнирот и најавена е понатамошна соработка“.

Мартин Данев вели дека за него лично е голем предизвик и голема одговорност да се биде тренер на нова генерација на борци.

„Со времето сфатив дека оваа работа ме исполнува и ја работам со голема љубов и посветеност, а покрај моите работни обврски, како припадник на батаљонот на воената полиција, наоѓам време да се посветам и на мојата работа во клубот. Горд сум на самиот себе, бројката на членови се зголемува од тренинг во тренинг, тоа говори дека и се допаѓа мојот начин на работа. За мене тоа е огромен успех и мотив да продолжам и понатаму да работам. Иако сум млад во оваа работа, моето искуство во ММА борбите, полека се рефлектираат на борците во клубо. Мило ми е што го практикуваат мојот стил и начин на работа. Сигурен сум дека во иднина, со помош на мојот тренер Александар, ќе направиме група на борци која ќе ги освојува првенствата во Македонија и надвор од неа“.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...