Катерина Ацевска стана и џудо шампион на Македонија, златни медали и за Фејзула и за Диновска (ФОТО)

Катерина Ацевска (+78 кг) викендов е преплатена на успеси и титули, по вчерашниот сребрен медал во самбо на Балканското првенство за кадети и првите места во фрлање на копје и ѓуле на Првенството на Македонија во атлетика, таа денеска стана млад сениорски првак во џудо.

Денеска на Државното првенство во џудо за млади сениори (У-23) што се одржува во Битола стави уште еден медал на своето конто како член на ЏК Ипон од Скопје. А покрај неа, со златни медаи од Ипон се закитија и Румејса Фејзула (-78 кг) и Андреа Диновска (-70 кг).

Првенството се одржува во Битола по повод 50 години на ЏК Пелистер.  

Ipon.mk

print