„Карлос Маја“ се врати со 9 медали од Барселона, Марјан Зиков освои злато, Горазд Орданоски најуспешен на турнирот

Македонија изминатиов викенд во Барселона, Шпанија, на Меѓународниот турнир во џиу џицу  „Abu Dhabi National Pro Jiu-Jitsu Championship“ со 9 борци од Спортскиот клуб „Карлос Маја“ освои 9 медали – 1 златен, 5 сребрени и 4 бронзени. Единствениот златен медал го освои Марјан Зиков, додека најуспешен натпреварувач на турнирот е Горазд Орданоски кој дури 3 пати застана на подиумот.

На турнирот учествуваа 60 клубови од 35 земји во две дисциплини (со и без кимоно).

„Одлични беа сите. Некои натпреварувачи настапија со повеќе искуство, додека на некои ова им беше првиот натпревар“ – изјави тренерот на клубот.

„Полека, но сигурно момците јас постигнуваат формата потребна за солиден успех на меѓународно ниво. И, навистина, клубот се труди да создаде околина која ќе им го овозможи токму тоа“.

Следната натпреварувачка дестинација на клубот „Карлос Маја“ е Хрватска.

 

print