Карлос Маја, Осенсеи и Дан кју ја почнуваат сезоната во Словенија и Црна Гора

Македонската џиу џицу федерација (МЏЏФ) од овој викенд ги започнува натпреварите во 2019 година со настапите на два турнира во Црна Гора и Словенија, претставувана од три клуба.

На 2 февруари во Љубљана, Словенија, на Националното про џу џицу првенство ќе уцествува Карлос Маја БЏЏ Македонија во дисциплината не ваза со Давид Ровчанин – виолетови појаси, Перица Петровиќ и Иван Трајчев – сини појаси. Екипата ќе ја води тренерот Мартин Михајлов.

Додека на 3 февруари на „Мимоза опен 2019“ во Херцег Нови, Црна Гора, Македонија ќе ја претставуваат Осенсеи и Дан кју во фајт.

За Осенсеи ќе настапат:
Христијан Јованов – 2001, кадети аспиранти -81
Данил Николиски – 2006, наде -41
Станислав Грпов – 2005, наде -45
Стефан Донев – 2007, ст. пионири -46
Ева Димитрова – 2005, наде з – 57
Нина Таскова – 2001, кадети аспиранти З -63

За Дан кју:
Зоран Колевски – 2007, ст. пионири -34
Јаким Колевски – 2007, ст. пионири – 42
Дарко Стојановски – 2008 ст. пионири +50
Катерина Ацевска – 2004, наде З +63

Виктор Велинов и Александар Ацевски ќе ги предводат нивните тимови.

Ipon.mk

print