Каратистот Пеце Наумовски дебитира во ММА

Македонскиот каратист Пеце Наумовски кој изгради респекатбилна карате кариера ќе се испроба и во ММА. Тој на 4 јуни во Мелбурн ќе се сретне со Мет Раид во категоријата до 66 килограми.

Ова ќе му биде првата борба на Наумовски и тоа во аматерска конкуренција на ВАМАА аматер кјеџ фајт настанот. Меѓу македонската заедница во Австралија има голем инетерес за неговиот настап.

Пеце истакнува дека цела година напорно се подоготвувал за дебито во ММА.

Се надеваме дека ќе зачекори по патеките Алекс Волкановски кој настапува во УФЦ и има една победа, а за неколку дена ќе ја има и втората борба.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...