Каратистите отпатува на Светското првенство во Чиле за кадети, јуниори и У-21

Македонската карате репрезентација денеска отпатува на 11.Светско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година од 23 до 27 октомври во Сантјаго, Чиле.

Македонија ќе ја претставуваат: Бојан Костов (кадети -52 кг), Фахик Весели (У-21 -67 кг), Доан Османи (У-21 -75 кг), Вероника Костовска (У-21 -61 кг), Ангела Мојсовска (У21 -68 кг).

Во кати ќе настапат Александар Неделковски и Владанка Аврамова.

print