Карате репрезентацијата на Македонија нема да учествува на Балканското првенство во Словенија

Од Карате федерацијата на Македонија (КФМ) пристигна известување дека нема да се учествува на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21 од 06-08-12.2019 во Брежице, Словенија,  кое помалку е конфузно.

„Ве известуваме дека Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија донесе одлука да не учествува на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21 од 06-08-12.2019 во Брежице, Словенија.

Натпреварувачите кои исполнија норма за учествуво на истото ќе можат да настапат на Балканско првенство за кадети, јуниори и У21 што ќе се одржи во Скопје од 13-15.12.2019 година“, се вели во дописот на КФМ до клубовите.

Нејасно е дали Балканската федерација е во распад па една недела подоцна во Скопје да се одржи друго Балканско првенство.

Како што може да се види од пријавите на Балканското во Словенија нема да учествуваат Македонија, Турција и Бугарија, а Грција не учествува на овие балкански натпревари.

Во другата група се Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Кипар и имат пријавено и имат пријавено 665 натпреварувачи.

Да посетиме дека во минатото на овие првенства постојано имаше непријатни случки, пред се водени од идејата да се заработат што повеќе пари.

Од КФМ немат официјален став од кои причини се откажуваат од учетсвото на шампионатот и за целата ситуација. Многу родители и клубови имаа забелешки на цената на чинење за ова првенство.

print