Канело се закани дека ќе го нокаутира Головкин

Сол Алварез – Канело вети дека ќе го нокаутира Генади Головкин, доколку двајцата се сретнат по трет пат. Мексиканецот се разгневи по последните неколку интервјуа на неговиот најголем противник. Во тие интервјуа Казахстанецот потенцираше како Алварез избегнал трет судир. Првиот меч во 2017 година заврши нерешено, а вториот го доби Канело со прилично контроверзна судиска одлука.

„Секој сака да ме победи. И што постигна Головкин по нашата борба? Ништо”, рече Алварез. „Веќе одам во друга тежинска категоријаа. Головкин веќе не е предизвик за мене. Имаше на располагање 24 рунди да ме победи. Што ќе се случи во третата борба? Ќе го победам повторно. Дури и ќе го нокаутирам. Единствениот интерес за мене во третиот меч се парите. Ако сакате средба, тогаш понудете ми одредена сума“.

print