Канело најверојатно останува без појасот на ИБФ

Планот на Канело (52-1-2, 35 КО) за освојување на сите појаси светски шампион во средна категорија наиде на првата пречка која најверојатно ќе чини со губење на титулата на ИБФ.

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) му нареди борба на 28-годишниот мексикански боксер со задолжителениот предизвикувач Сергеј Деревјанченко (13-1, 10 КО).

Титулата ја освои во мај поразувајќи го Даниел Џејкобс со едногласна одлука.

Ако двете страни не успеат да постигнат договор до 23 јули закажано е поднесување на понуди во седиштето на ИБФ во Спрингфилд, Њу Џерси.

Засега нема знаци дека страната на Канело е заинтересирана за постигнување на договор.

Мексиканецот, најверојатно, ќе остане без титулата на ИБФ, а Деревјанченко ќе мора да се бори против Генади Головкин за слободната титула.

Интересно е што ИБФ пред 13 месеци му го одзеде појасот на Головкин, затоа затоа што не сакаше да се бори со Деревјанченко, туку отиде на реванш со Канело.

Украинецот се бореше за слободна титула во октомври минатата година и загуби од Џејкобс со поделба на одлуката на судиите.

Стриминг платформата ДАЗН кој му плаќа на Канело повеќе од 35 милиони долари му одобри само двајца боксери за следни противници на Канело – Генади Гловкин и ВБО шампионот во полутешка категорија Сергеј Ковалев, а како трета можна опција се споменува ВБО шампион во средна категорија Деметриуд Андраде.

Канело ги држи ВБА и „франшизата шампион“ на ВБЦ во категоријата до 72,6 килограми.

print