Канело: Во првата борба ќе докажам дека нема да има потреба од реванш со Головкин

По објавувањето на датумот за борбата меѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин дел од набљудувачите тврдат дека промоторот на Мексинаецот Оскар де ла Хоја се согласил на борба со Казахстанцот само затоа што кај него видел знаци на забавување.

ГГГ во март со едногласна одлука го победи Даниел Џејкобс во тежок меч и во кој за прв пат во својата кариера се борешего 12 рунди, а овој викенд во Лас Вегас се бори со 27-годишниот Мексиканец.

Сол Алварез вели дека иако требало 18 месеци за да се постигне договор за борбата и дека во текот на тоа време Головкин се чинеше како позаинтересиран за нивната средба, не значи дека тој не ја сакаше.

Тврди дека договорот во принцип е постигнат и пред неговата борба со Џејкобс и дека на неа не се согласил, бидејќи видел знаци на забавување кај казахстанскиот нокаутер.

„Во принцип веќе имавме постигнат договор и пред борбата со Џејкобс. Тој требаше само да победи во таа борба и јас требаше да победам во својата, така што ова нема никаква врска со тоа“, рече Алварез кој во мај го победи Хулио Цезар Чавез Јуниор.

„Ова е борбата што отсекогаш ја сакав и веќе беше планирана за септември“.

„Мислам дека Головкин и се уште се бори на многу високо ниво. Тој, всушност, е малку повисок, но тоа не значи дека е посилен од мене. Ако ги погледнете неговите и моите нокаути, моите се малку подобри. Не се работи само за моќта, туку и за прецизноста, а јас тоа го задржав“.

Головки веќе долго време се смета за еден од најголемите боксери во историјата на средната категорија, но без голема победа. Мексиканецот е уверена дека до нема и да дојде.

„Во првата битка ќе докажам дека нема да има потреба за втора и за трета“.

„Се разбира, дека тој е еден од најдобрите. Го докажа тоа. Многу е силен и свесен сум дека тоа ќе биде тешка борба. Но, уверен сум дека ќе победам, но тоа не значи дека борбата нема да биде тешка“.

print

Можеби ќе ви се допадне...