Канело во одличен реванш го победи Головкин

Сол Алварез (50-1-2, 34 КО) е новиот ВБА, ВБЦ и ИБО шампион во средна категорија.

28-годишниот Канело во реваншот во Лас Вегас со мнозинска одлука на судиите го победи 36-годишниот Генади Головкин (38-1-1, 34 КО) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Судиите мечот го бодуваа 114-114, 115-113 и 115-113.

Казахстан не успеа да го собори рекордот по бројот на одбрани на титулата во средна категорија, рекордот го дели со Бернард Хопкинс со 20 одбрани.

Канело во дуелот влезе поагресивно отколку во првата борба. И двајцата добро го користеа предниот директ, а Мексиканецот беше малку поуспешен погајќи со неколку крошеа.

Првиот значаен удар го зададе Канело со лево кроше по минута од борбата. Головкин добро работи со предниот директ, погаѓа со десницата, додека Мексиканецот  повеќе пати го погоди во телото, вклучувајќи го и многу добар аперкат.

Во третата рунда Алварез пак поагресивен, но во рунда со нечто помалку акции ГГГ повеќе погаѓаше.

Головкин и во четвртата продолжува да фрла голем број на удари. Погоди со одличен десен аперкат во брадата. И двајцата го напаѓаат телото и ги разменуваат предни директи.

Канело и во петата оди напред и го присилува првакот да се повлекува, но и не навикнат на ваква позиција Головкин трета рунда по ред беше поуспешен. Во овој дел од борбата, Мексиканецот погоди со одличен десен оверхенд.

Канело го диктира начинот како ќе се одвива борбата во шестата. Пласира одлично лево кроше во главата на отворањето на рундата, а потоа неколку пати и во телото.

Трагите на замор почнаа да се позннаваат кај Головки во седмата рунда, кој беше во дефанзивна позиција при што зададе неколку силни удари.

Во осмата Канело, кој во целата борба оди напред, почнува уште почесто да погодува и во глава и во тело. Головкин му отвори исеченица над левото око на Канело.

Во деветата разменуваат удари во средината на рингот и бараат удар со кој ќе ја решат борбата. Канело во неколку наврати добро погаѓа со крошеа во телото и со десен директ во главата, додека ГГГ погоди со силно лево кроше кога тргна напред.

Канело на почетокот на десетата погодува во серии, а Головкин одговара со одличен заден директ кој го стресе противникот. По примениот тежок удар Канело продолжува да оди напред, но шампионот продолжува да се бори и ова беше најдобрата рунда на Головин.

Головкин ја презема иницијативата во предпоследната рунда и погаѓа, но Канео, иако побавен, не се предава и пред крајот погодува со добра комбинација лево кроше и десен директ.

Казахстанецот подобро ја отвора и последната рунда, но потоа Канело ја презема контролата, за да ГГГ зададе последниот удар на овој голем и многу рамноправен меч во кој и двајцата покажаа челична брада.

Првата борба во септември минатата година заврши без победник

Според многумина, и оваа борба завршила нарешно.

print

Можеби ќе ви се допадне...