Сол Алварез направи ново шоу! (ВИДЕО)

Sol Alvarez

Сол „Канело“ Алварез (Мексико) потсети на својот суператрактивен стил со неверојатна победа над друг напаѓачки боксер, Џејмс Киркланд (САД), на гала вечерта во Хјустон.

Двајцата боксери во полусредна категорија кренаа на нозе 31.000 навивачи, кои останаа презадоволни од шоуто. Мексиканецот пласираше брутално десно кроше во третата рунда, со кое го нокаутираше противникот. И пред нокаутот тој доминираше, но во втората рунда Киркланд имаше свои моменти.

„Тоа беше еден од најдобрите нокаут во мојата кариера. Знаев дека тој е силен боксер, но ме изненади со агресивната борба во првите две рунди. Јас се борам за навивачите. Подготвен сум да се соочам со секого и на секое место“, изјави Алварез.

Тоа беше 45-та победа за Мексиканецот и 32 со нокаут. Тој има еден пораз, и тоа од Флојд Мејведер, и една нерешена борба.

print