Каин Веласкез го напушти УФЦ

Каин Веласкез го напушти УФЦ по 11 ипол години.

37-годишниот Американец ќе ја продолжи кариерата како кечер. Потпиша повеќегодишен договор со најмоќната про-кечерска (про-врестлинг) промоција Ворлд вреслтлинг ентертејмн.

Веласкез е поранешен двократен шампион во тешка категорија на УФЦ.

Во најсилната ММА организација во светот пристигна во април 2008 година непоразен по две борби. По неколкуте последователни победи (Бред Морис, Џејк О’Брајан, Денис Стојниќ, Чеик Конго, Бен Ротвел и Антонио Родриго Ножеира) во октомври 2010 година во првата рунда го нокаутира Брок Леснар и стана шампион во тешка категорија. Го загуби појасот во првата одбрана со нокаут од Жуниор дош Сантос, а си го врати во реваншот против Бразилецот, заработувајќи ја првата од двете победи во меѓусебните борби.

Веласкез некое време беше земан во обѕир кога стануваше збор за најдобрите тешкаши на сите времиња, но неговите повреди му ја скратија кариерата. Појасот го загуби по втор пат од Фабрицио Вердум, кој во 2015 година го совлада со гилотина. Една година подоцна го нокаутира Тревис Браун и паузираше до февруари годинава кога Френсис Нгану го нокаутира за 26 секунди.

Во про борењето заминува со ММА скор 14-3.

Во ВВЕ/ WWE би требало да работи меч со ривалот од УФЦ Брок Леснар, кого го киднапира на минатонеделниот настан, а како потенцијален противник се споменува и боксерот Тајсон Фјури.

print