Каде ќе се врати Федор: Во Белатор можеби е најизгледно, а УФЦ му е недосонуван сон!

mma_femelianenko1

Како бомба во ММА светот одекна веста дека големиот Федор се враќа на сцената. Иако тоа не е потврдена информација од страна на Русите, изворот е многу важен, бидејќи тоа е светска промоција М-1, во сопственост на менаџерот и пријател на Федор, Вадим Финкелштајн. Оттаму, не постои причина да се сомневаме во вистината- враќање на борецот, за кој, многумина, мислат дека е најдобар на сите времиња.

Прашањето кое се поставува е каде Федор се враќа назад? Во која промоција? Се разбира, тоа е нешто за кое е многу тешко да се шпекулира без вистински информации, но зошто некој би го одзел правото да се игра со неколку опции.

M-1

Од М-1 ја објавија веста за враќањето на нивниот веб-сајт, логично е да се очекува дека Федор ќе се врати во рингот во кој што одработи две од последните три борби. Сепак, се наѕира еден прилично голем проблем. Пензионирањето на Емилијаненко беше предизвикано поради недостаток на мотивација. Еден човек, кој зад себе има толку големи победи и уште повеќе мечеви, толкава харизма и е толку многу го задолжи ММА светот, не значат премногу победите против Мансон, Ишии или Риза. Ниту некогаш ќе му значат. Дури и кога зборуваме за пари, сосема е јасно дека Финкелштајн за настапите во својата М-1 не му даваше милиони на кои, патем кажано, заедно ги бараа од УФЦ. Затоа, иако на прва М-1е најверојатно сценарио, кога внимателно ќе размилите, можеби „Последниот император“ има некои други планови. Единствено, ако Федор не почувствувал типична болест на борците на кои и поминале најдобрите денови, а тоа е желбата за враќање во рингот по секоја цена. Тогаш нема премногу да се замара со противниците и парите, но ќе се врати само за да ја задоволи својата потреба за некое време.

Јапонија

Се што прочитавте во претходниот дел за М-1 Глобал, повеќе или помалку важи и за некои од јапонските ММА промоции. И противникот би бил од сличен ранг, парите што ќе се заработат сигурно дека нема многу да променат состојбата на неговата банкарска сметка, а Федор би се вратил во активниот спорт по две години мирување. Своите најдобри денови ги доживеа во земјата на изгрејсонцето, каде што и денес е вистинско божество, па не треба да исклучи можноста за настан на Иноки или настан од сличен ранг. Јапонците сигурно може да го платат Емилијаненко, но тоа не враќа на почетокот од приказната и мотивот за враќањето на Русинот, а кој не го знаеме.

Белатор 

Веднаш во првата реченица треба да се истакне името на Скот Кокер, исклучително способен менаџер, кој го потпали УФЦ уште кога беше главен човек на Страјкфорс, а сега истото го прави и како директор на Белатор. Откако Кокер во декември го презеде водењето на оваа промоција, има голем напредок, особено во медиумите, кои ги следат нивните настани. Стариот пес избра проверен рецепт и на американската јавност и понуди имиња како Кимбо Слајс, Кен Шамрок. Со големо воодушевување ги прифати сите отпаднати борци од УФЦ, како Тито Ортиз, Стефан Бонар и Чеик Конг. Кога Кокер и Федор заедно ја гледаа одбраната на титулата Кро Кап против Сатоши Иши на Иноки ГФЦ пред половина година, се пуштија гласини дека Русинот се враќа во Белатор. Кокер таквата можност не ја отфрли, туку, рече дека би сакал да го види шампионот на Прајд во неговиот кафез. Истото го посакуваше и со Кро Кап, но, тогаш УФЦ беше побрз и конкретен. Дали работите во меѓувреме се променија и дали Кокер успеа да го убеди Федор на уште една посета на американскиот кафез?

Во секој случај, Русинот во Белатор ќе има завидна конкуренција во Виталиј Минаков, Чеик Конго, Александар Волков, Лавара Џонсон или да речеме Кимбо Слајс и Боби Лашли. Интересно „мечот на титаните“, секако не им недостасува. Доаѓањето на Федор во Белатор би значело и дека тој враќањето го сфатил сериозно и сигурно ќе бара шанса за освојување на појасот. Ова е една од двете опции што сигурно ќе ги развесели фановите на ММА.

УФЦ 

Без сомнение најинтересна и најинтригантна теорија. Сон, кој вистински ММА фан, барем неколку пати го сонувал. Толку многу пати е пишувано за потписот на Федор со УФЦ, па така самата реченица изгледа како мит. Да не се повторува нешто што веќе е познато, само ќе кажеме дека главниот проблем што се испречимеѓу Вајт и Емилијаненко беше M-1, кој сакаше да го копродуцира секој УФЦ настан на кој ќе настапи Русин. И, се разбира, ќе учествува во добивката. Поприлично самостојниот и авторитетен Вајт за такво нешто не сакаше слушне, а состаноци на егзотични острови завршија со фијаско. Тешко е да се очекува дека нешто се променило, пособено поради Федор, кој денес е далеку од својот врв, кога имаше многу повеќе капитал за да преговара, отколку во моменталниот случај. Покрај тоа, УФЦ изминативе години стана уште посериозна глобална компанија, така што идејата за копродукција на настаните во соработка со М-1 Глобал, дури сега не доаѓа во обѕир.

Но, ако се повлече паралела со Мирко Филиповиќ, тогаш ниту оваа теорија не звучи ирационално. Кој можеше да поверува пред една година дека Мирко во својата одмаздничка мисија ќе се врати во УФЦ и да изгледа онака импресивно против Габриел Гонзага? Сите тројца борци од кои има изгубено Федор во кариерата денес се наоѓаат токму во октагонот на УФЦ. Вердум е шампион, Биг Фут наскоро ќе се бори против Со Палеле, а Дан Хендерсон не се дава и покрај тоа што дебело зачекори во петтата деценија од животот. Да не го расипуваме премногу овој сон, тука ќе застанеме и ќе го посакаме невозможното: „Последниот цар“ конечно да заврши во најсилната ММА промоција! Тоа би било вест на годината, без оглед на Конор Мекгрегор и Ронда Русеј.

print

Можеби ќе ви се допадне...